Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, сака да го доведе во Неапол играчот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ. Спалети, кој се врати во Серија А ова лето, сака повторно да ја обнови соработката со Миралем Пјаниќ кого го тренираше во тимот на Рома.
Пјаниќ го напушти Јувентус минатото лето, отиде во Барселона и се покаја, бидејќи речиси и не ја доби вистинската можност на „Камп Ноу“. Тој беше отпишан на крајот од минатата сезона и сега чека да најде нов тим.
„Кориере дело Спорт“ открива дека Спалети телефонски го контактирал Пјаниќ и му рекол дека го сака во тимот, а сега челниците на Наполи треба да се обидат да го договорат трансферот од Барселона.
Пјаниќ има договор во Барселона до јуни 2024 година, каталонскиот тим сака да се ослободи од неговата огромна плата, а самиот играч веќе размислува за враќање во Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













