Италијанскиот калчолигаш Милан се обидува да го финишира преодниот рок со уште едно квалитетно засилување. „Росонерите“ би можеле да го купат португалскиот интернационалец Бернардо Силва до крајот на летниот трансфер прозорец.
Тренерот Стефано Пиоли посакува нов плејмејкер по заминувањето на Хакан Чалханоглу во Интер, а Бернардо Силва би бил одлична опција.
Шампионот на Англија би бил подготвен да го пушти за 45 милиони евра. Бернардо Силва не се чувствува веќе лагодно на „Итихад“ откако „граѓаните“ го доведоа Џек Грилиш.
Милан сака прво да го донесе Силва на позајмица, а потоа да го откупи неговиот договор, а Сити изгледа нема ништо против.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













