Францускиот играч за врска, Тангуј Ндомбеле, пристигна во Тотенхем летото 2019 година како огромно засилување од Лион. За него беа платени нереални 60 милиони евра, а тоа, сега се покажа како целосен неуспех на клубот. Тој не беше во преден план кај Покетино, додека минатата сезона одигра 33 натпревари кај Мурињо. Сепак, не беше на ниво што би ја оправдало огромната сума на инвестирани пари.
Се очекуваше дека Ндомбеле конечно ќе одигра онака како што се очекува од него оваа сезона, но денеска Нуно Еспирито Санто на прес -конференција откри дека Ндомбеле повеќе нема да биде дел од тимот на Тотенхем.
Санто рече дека Ндомбеле нема да биде во составот на Тотенхем за неделниот натпревар против Вулверхемптон в недела, затоа што Французинот побарал од клубот да биде продаден.
Раководството на Тотенхем веднаш ја започна мисијата за продажба на Ндомбеле со оглед дека имаат само уште 12 дена за тоа. Според првите информации, постои интерес од Милан, Бенфика и од Рома за Ндомбеле.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













