Италијанскиот калчолигаш Јувентус го доби Мануел Локатели, една од желбите на тренерот Масимилијано Алегри е исполнета, но останува уште една – Миралем Пјаниќ да се врати во Торино. Тоа излезе многу компликувана мисија за раководството на Јуве.
Мора да се ослободи место во буџетот за да се врати Пјаниќ од Барселона. Тој би дошол на позајмица, но има и огромна плата од 12 милиони евра по сезона. Поради тоа, Јувентус ќе мора да продаде еден фудбалер од средниот ред.
Иако се претпоставуваше дека ќе замине Арон Рамзи, тој се уште е во Торино, а се чини дека „жртвата“ е Вестон Мекени. Младиот Американец кој дојде од Шалке 04 не доби голема минутажа од Алегри во подготвителниот период, па тоа е порака за него дека најдобро би било да си замине. За него се заинтересирани Вулверхемптон и Вест Хем, а Јувентус бара отштета од околу 30 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













