Фудбалерот на Атлетикo Мадрид, Маркос Љоренте, го продолжи договорот со клубот до 2027 година, потврди шпанскиот шампион. Тој го привлече вниманието на себе пред година и пол кога го елиминираше тогашниот актуелен освојувач Ливерпул од Лигата на шампионите, а не ги криеше среќата и задоволството што во наредните сезони ќе игра за клубот од „Ванда Метрополитано“.
„Многу сум среќен. Го посакував ова откако дојдов овде, да останам со години. Обновувањето на договорот ме прави среќен мене и моето семејство и ме насочува да го оправдам на теренот се што е вложено во мене”, изјави Љоренте за веб -страницата на клубот.
Љоренте пристигна во Атлетико во јуни 2019 година од Реал Мадрид. Тој ја освои Ла Лига минатата сезона со шпанскиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













