Полскиот интернационалец Роберт Левандовски има желба да се испроба и во Премиер – лигата или во Ла Лига. Тој размислува за заминување од Баерн Минхен, тврди „Скај Спортс“, а ова лето имал контакти со Челси и со Манчестер Сити. Сепак, баварскиот клуб не сака ни да слушне за продажба на својот најдобар фудбалер и ги одбил понудите на англиските премиерлигаши.
На Левандовски му е потребен нов предизвик. Тој минатата сезона го урна и неверојатниот рекорд на Герд Милер во Бундес – лигата, а веќе неколку сезони освојува трофеи во Германија со Баерн Минхен. Но, сака да го почувствува адреналинот што го носи Премиер – лигата.
Левандовски беше најзаслужен и за најновиот трофеј на Баерн, пехарот од Суперкупот на Германија. Баварците на „Сигнал Идуна парк“ ја победија Борусија Дортмунд и го освоија трофејот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













