Преговорите меѓу Јувентус и Сасуоло за трансферот на Мануел Локатели (23) траеја три месеци. Торинскиот гигант сега и официјално потврди дека одличниот италијански репрезентативец е нов член на клубот.
Локатели денеска ги мина медицинските прегледи и пристигнува на двегодишна позајмица. Бизарен е начинот на кој оваа позајмица ќе се претвори во трансфер, за кој Јувентус ќе треба да плати отштета од 35 милиони евра. Тоа ќе се случи во моментот кога Јуве ќе го освои првиот бод во втората половина од сезоната Серија А 2022/23.
Сасуоло ќе ги добие наведените 35 милиони евра на рати во текот на пет години.
Јувентус сега ќе треба да му плати на Сасуоло минимум 10 милиони евра и максимум 20 проценти од обештетувањето од евентуалниот трансфер на Локатели во трет клуб. Овој процент зависи од голем број клаузули во договорот.
„Газета дело Спорт“ открива дека договорот вклучува и голем број на бонуси што Сасуоло може да ги добие од Јувентус, но дека договорот е толку компликуван и детален што многу од овие бонусни клаузули се речиси неизводливи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













