Норвешкиот интернационалец Мартин Одегард го напушта Реал Мадрид и прави трансфер во англискиот премиерлигаш Арсенал. Тој вториот дел од минатата сезона го мина во дресот на „топчиите“ како позајмен играч, покажа дека може да биде значаен фактор во играта на тимот на Микел Артета кој одлучи целосно да го откупи.
Одегард ќе потпише договор до 2026 година со англискиот клуб. Тој минатата сезона одигра 20 натпревари за Арсенал, постигна два гола и забележа две асистенции.
Арсенал ќе плати 40 милиони евра за трансферот на Одегард. Се очекува трансферот да биде завршен до почетокот на викендот, а одличниот играч за врска би добил право на настап веќе на дербито против Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













