Connect with us

Тренерот на Борусија се надева дека Халанд долго ќе остане во Дортмунд

Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд е еден од најпосакуваните фудбалери во овој летен преоден рок, а европските медиуми често го преселуваат од Дортмунд. Сепак, неговиот тренер Марко Росе верува дека младиот талент ќе остане кај „милионерите“.


„Ерлинг има валиден договор. Само затоа што јавноста постојано зборува за неговото заминување следното лето, не значи дека тоа и ќе се случи”, вели тренерот на Борусија Дортмунд.


Халанд дојде во Борусија Дортмунд во 2020 година, а неговиот договор истекува во 2024 година.


„На крајот, тој самиот ќе одлучи каде сака да ја продолжи кариерата. Во секој случај, ние сме среќни што сега е со нас. Којзнае, можеби ќе остане подолго од една сезона, ако направиме неверојатна приказна овде“, истакнува Марко Росе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови