
Француската ѕвезда Килијан Мбапе ќе остане во Пари Сен Жермен и оваа сезона. И покрај најавите дека е подготвен да замине, тој на соиграчите во клубот им открил дека сигурно останува на „Паркот на принцовите“ и оваа сезона.
Како што откриваат француски медиуми, спортскиот директор Леонардо им рекол на фудбалерите дека Мбапе ќе остане, а потоа истото им го потврдил и Килијан Мбапе.
Заминувањето на Мбапе е можно на два начина. Првата опција, и поверојатна, е дека тој ќе замине следното лето, откако ќе му истече договорот со ПСЖ, бидејќи одбива да потпише нов договор. Втората опција е да направи мегатрансфер во Реал Мадрид ова лето за огромна отштета од 150 милиони евра. Меѓутоа, ПСЖ со сите сили се бори Мбапе да остане, дури и ако тоа значи следното лето да си замине како слободен агент.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
