Лионел Меси својот прв натпревар за Пари Сен Жермен треба да го одигра на 29 август, кога негoвиот тим ќе гостува кај Реимс, објави „Скај Спортс“.
Меси има само три тренинзи со тимот, откако пристигна во ПСЖ како слободен играч во историски трансфер, бидејќи неговиот договор со Барселона, за кој играше од 13 -годишна возраст, истече во јуни.
Тој нема направено никакви подготовки за оваа сезона, бидејќи играше со Аргентина на Копа Америка, каде ја освои титулата. Потоа замина на одмор, по што планираше да го продолжи договорот со Барселона.
Аргентинецот беше претставен пред навивачите на ПСЖ минатиот викенд, пред мечот против Стразбур (4-2), а следниот натпревар ПСЖ го игра овој петок против Брест на гости. Сепак, речиси и да нема шанси Меси да заигра на овој натпревар.
„Одиме чекор по чекор, се запознаваме, сакаме да се чувствува подготвено и удобно, да игра кога е целосно подготвен“, рече Покетино по победата над Стразбур.
Затоа, се очекува Меси своето деби за ПСЖ да го има на 29 август, кога неговиот тим ќе игра на гости кај Реимс, во четвртото коло од Лига 1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal