
Изгледа дека ПСЖ нема избор, освен да го продаде Килијан Мбапе. Проблемот не е само во обештетувањето што би загубил клубот следното лето, туку и во односот на Мбапе, односно фактот дека тој ги затвори вратите на клубот и предизвика реакција од навивачите. Го исвиркаа и го навредуваа на презентацијата на тимот, што негативно влијае на имиџот на клубот.
Реал Мадрид е подготвен да плати 150 милиони евра, а тоа значи дека добро ќе се наполни касата на ПСЖ по фантастичните засилувања кои пристигнаа ова лето.
А заминувањето на Мбапе е и можност за ангажман на Кристијано Роналдо. Неговото доаѓање во Париз би било повеќе од прифатливо за клубот воопшто, маркетиншки потег на векот и неговото спојување со Лионел Меси би биле тектонска промена во фудбалскиот свет.
Насер Ал-Келаифи чека сигнал од Доха за да започне преговори со Перез, кој има деловни интереси во Катар и засега е многу резервиран, не сака да ги налути челниците на Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
