
Хари Кејн и Манчестер Сити не е завршена приказна. Напротив, трансферот треба да се случи до крајот на летниот преоден рок.
Англиските медиуми откриваат дека Кејн веќе се договорил со „граѓаните“ и во наредните пет години на „Итихад“ ќе заработува 16 милиони фунти по сезона.
Сити и Тотенхем ги започнаа преговорите, а лондонскиот клуб порачаа дека нема да го пушти напаѓачот за помалку од 180 милиони евра.
Медиумите на Островот тврдат дека Сити во наредните денови ќе испрати нова понуда од 150 милиони евра и веруваат дека Тотенхем ќе ја прифати. Веќе е пронајдена и замена за елитниот напаѓач. Тотенхем подготви понуда од 70 милиони евра за младиот голгетер на Фиорентина, Душан Влаховиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
