Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, се огласи по победата над Алавес (1-4) во првото коло од Ла Лига.
„Се надевам дека со доаѓањето на Анчелоти на тренерското место, ќе постигнеме повеќе голови. Тука сме за тоа – особено ние напаѓачите. Мислам дека можеме да постигнеме многу заедно оваа сезона. Што е најважно, сите сме едно. Можеме да одиме на натпреварите со 3-4 напаѓачи, но во исто време сите ќе работат за доброто на тимот. Главната работа е да се освојат три бода на секој меч“, изјави Азар.
Белгиецот минатата сезона се мачеше со повреди, па сега очекува проблемите да бидат надминати.
„Се чувствувам добро. Мојот глужд веќе не ми создава тешкотии. Ќе дадам се од себе“, ветува Азар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal