
Шпанскиот првак Атлетико Мадрид има мисија да ја врати својата поранешна ѕвезда Антоан Гризман на „Ванда Метрополитано“. Тренерот Диего Симеоне верува дека со него во тимот, Атлетико Мадрид би бил прв фаворит за титулата во Ла Лига. „Јорганџиите“ денеска ја почнуваат одбраната на трофејот освоен лани.
Барселона е во финансиска криза, а Атлетико Мадрид сака тоа да го искористи и да го врати Гризман назад во Мадрид. Францускиот интернационалец би се согласил на ваков потег, а се чини дека и Барса би го продала за 70 милиони евра, само за да се ослободи од неговата огромна плата на „Камп Ноу“.
И по заминувањето на Меси, Барселона е во финансиска криза, едвај успеа да ги регистрира новите фудбалери, дури откако Жерар Пике се сложи на ново намалување на неговата годишна плата за да не биде пробиен лимитот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
