
Европскиот првак Челси немаше проблеми на стартот на Премиер – лигата и лесно и убедливо го совлада Кристал Палас со 3-0. Маркос Алонсо постигна прекрасен гол од слободен удар во 27.минута, а пред крајот на првиот дел Кристијан Пулишиќ зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Тревох Чалобах во второто полувреме.
Евертон со пресврт во вториот дел славеше против Саутемптон со 3-1. Ришарлисон, Докуре и Калверт – Левин погодија во второто полувреме, откако Саутемптон обезбеди почетно водство со голот на Армстронг во 22.минута.
Лестер минимално го совлада Вулверхемптон со 1-0, со голот на Џејми Варди во 41.минута, а Вотфорд со 3-1 ја победи Астон Вила. Брајтон со 1-2 го победи Барнли на гости.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
