Арсенал го загуби премиерниот меч од новата сезона во Премиер – лигата. „Топчиите“ доживеаја пораз од 2-0 на гости кај новиот член на елитата, Брентфорд.
Менаџерот Микел Артета од изданието на својот тим на стадионот „Комјунити“.
„Разочаран сум. Ја започнавме сезоната против добар противник. Мислам дека не заслуживме ништо подобро од ова. Првиот гол имаше големо влијание на натпреварот. Во тој момент не реагиравме добро“, рече Микел Артета.
Шпанецот не сакаше да се жали на вториот примен гол, иако беше наведено дека судијата може да го поништи поради прекршок над голманот Бернд Лено.
„Вакви работи се дозволени во Премиер – лигата. Не можам сега да го сменам тоа. Повторувам, првиот гол беше решавачки. Тој им даде крилја на противниците. Сакавме да возвратиме во второто полувреме, но потоа примивме втор гол и тоа беше крајот. Мораме да продолжиме понатаму. Ќе го вложам целиот ентузијазам за да ги подобрам работите“, заврши менаџерот на Арсенал.
„Топчиите“ играат големо градско дерби против Челси во второто коло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













