
Аргентинскиот генијалец Лионел Меси нема да биде во составот на Пари Сен Жермен на вечерашниот натпревар против Стразбур од второто коло во францускиот шампионат. Ќе биде тоа прв натпревар за „светците“ оваа сезона пред домашните гледачи, но Меси ќе остане на трибините и нема да истрча на теренот.
Тренерот Маурисио Покетино објасни дека е премногу рано да се очекува Меси да добие минутажа на првенствен натпревар.
„Меси одржа само два тренинга со тимот, а претходно беше на одмор откако со Аргентина настапи на Копа Америка. Нема причина да брзаме со неговите настапи, треба да одработи најмалку уште неколку тренинзи и кога тој ќе се чувствува комфорно, тогаш ќе дебитира за Пари Сен Жермен. Нашата цел секако е да оствариме триумф“, потенцираше Покетино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
