Пари Сен Жермен е „кралот“ на летниот преоден рок. Меси, Рамос, Донарума и Вајналдум пристигнаа бесплатно, а Хакими за 70 милиони евра, но сите тие имаат астрономски плати и затоа ПСЖ сега ќе мора да продаде неколку фудбалери.
Прв на листата е Мауро Икарди, кој сигурно би бил во сенка на триото Меси, Нејмар, Мбапе, но Аргентинецот не брза да го напушти клубот. Меѓутоа, ако си замине, ќе погледне само во Италија и веројатно кон Јувентус, на кој сепак му треба друг вистински напаѓач покрај Роналдо и Мората.
Андер Ерера исто така е играч кој би можел да го напушти клубот. Тој беше во втор план и минатата сезона, а тоа ќе биде особено случај сега кога пристигна Вајналдум. Тука се и Паредес, Верати, Данило, така што има навистина голема гужва во средниот ред. Исто така, таквата конкуренција значи дека нема да има место за Рафиња. Во случај на вистинска понуда, која засега ја нема, и тој ќе си оди од „Паркот на принцовите“.
Ди Марија и Џулијан Дракслер се сигурни, ќе бидат во ротација и сигурно ќе имаат улога од клупата, но тоа сега не може да се каже за Пабло Сарабија, кој исто така би можел да го напушти Париз, бидејќи ПСЖ сака да ги слушне понудите за него.
Нема место и за третиот голман Серхио Рик, кој нема да го види теренот покрај Донарума и Кејлор Навас, а ПСЖ ја чека вистинската понуда и за Лејвин Курзава.
На крајот, невозможно е да не се спомене и Килијан Мбапе, кој сака да замине во Реал Мадрид, но ПСЖ не сака да го продаде ова лето и е подготвен да ризикува да замине без надомест следниот јуни само за да атакува на Лигата на шампионите со него, Меси и со Нејмар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













