Италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели е на чекор до потпис на договор со Јувентус. Преговорите кои траат повеќе од еден месец влегуваат во завршна фаза, а во текот на денешниот ден треба да се случи и конечниот „дил“ за потпис на договорот.
Подолг период Јувентус нуди 30 милиони евра за трансферот на Локатели, но Сасуоло бара отштета од 40 милиони евра. Се очекува овие разлики да се „испеглаат“ со клаузули за евентуални бонуси кои би ги добил Сасуоло за успесите на Локатели со новиот клуб.
Одличниот фудбалер за врска блесна на Европското првенство во дресот на Италија, а имаше забележителни игри и за Сасуоло минатата сезона во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













