
Челси e освојувач на Суперкупот на УЕФА откако вечерва во Белфаст по изведување пенали го совлада Вилјареал со 6-5. Во регуларниот тек мечот заврши 1-1, а потоа немаше промени и по продолженијата.
Хаверц не го реализира првиот пенал за Челси, Асенхо одбрани, а Жерар Морено донесе предност за шпанскиот тим. Аспиликуета лесно погоди, а потоа одбрани Кепа Аризабалага, кој влезе во 120.минута, токму затоа што е мајстор за бранење удари од белата точка. Непрецизен беше Манди.

Маркос Алонсо беше сигурен, но и Еступињан, продолжија и Мејсон Маунт и Мои Гомез за 3-3. Почна петтата серија пенали, Жоргињо е мајстор за пенали, но и Раба покажа дека е „убиствен“. Лесно погодија и Пулишиќ и Хојт. Рудигер постигна погодок, а Кепа Аризабалага го одбрани пеналот на Раул Албиол за освојување на трофејот.

Европскиот првак мечот го почна фуриозно, покажа дека е одличен тим, а тоа го материјализираше Хаким Зијеч во 27.минута. Но, херојот на Челси го повреди рамото пред крајот на првиот дел, а Вилјареал беше многу подобар во второто полувреме.

„Жолтата подморница“ притисна и Жерар Морено, откако претходно го погоди дирекот, успеа да ја затресе мрежата на Менди во 73.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Евро-фудбал
Реал Мадрид го продолжи договорот со Тибо Куртоа

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
