
Барселона и Меси се разделија на 30 јуни, но се уште не ги завршиле сите заеднички обврски. Каталонскиот гигант треба да му исплати 39 милиони евра на аргентинскиот фудбалер, пишуваат шпанските медиуми.
Ситуацијата е слична на онаа што ја имаше Нејмар кога се пресели од Барселона во ПСЖ во 2017 година. Непосредно пред заминувањето во Франција, Бразилецот потпиша нов договор со каталонците, во кој се наведува дека има право на бонус за лојалност. Дури подоцна Нејмар и Барселона најдоа решение, а целиот случај беше на суд.
Претходниот петгодишен договор на Меси вредеше дури 550 милиони евра, а за лојалност кон клубот требаше да добие 144 милиони евра. Аргентинецот ја доби првата сума поради лојалност во февруари 2020 година, кога му беа исплатени 66 милиони евра, а останатите 78 милиони евра требаше да ги добие до јуни оваа година.
Барселона му платила 39 милиони евра во јуни минатата година, но требало многу повеќе. Поради големи финансиски проблеми, таа се уште не успеала да ја исполни обврската од преостанатите 39 милиони евра, па Меси заминал во Париз без да ги добие сите пари што ги договорил со Барселона.
Меси потпиша за ПСЖ до 2023 година, со можност да го продолжи договорот за една година. Тој ќе заработува околу 35 милиони евра по сезона, во зависност од заработените бонуси. Меси беше пречекан од илјадници фанови на аеродромот во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Евро-фудбал
Реал Мадрид го продолжи договорот со Тибо Куртоа

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
