Со потписот на Лео Меси, ПСЖ е принуден да се ослободи од неколку играчи со цел да ги исполни критериумите за финансиски фер – плеј. Еден од играчите чии плати би ги плаќале парижаните е Мауро Икарди.
28-годишниот напаѓач заработува 10 милиони евра годишно на „Паркот на принцовите“, а неговиот договор истекува дури во јуни 2024 година.
Според француските медиуми, Икарди и неговата сопруга Ванда Нара која му е агент, се во контакт со Јувентус. Торинскиот великан веќе неколку години се обидува да го доведе во своите редови, и се чини дека сега се поблиску до тоа од кога било.
Јувентус би го довел на двегодишна позајмица со опција за купување, а најважно за ПСЖ, ќе биде да ја преземе неговата голема плата и со тоа да го олесни буџетот на парижаните.
Преодниот рок во Италија трае до 31 август.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













