Connect with us

ПСЖ не застанува: После Меси, следен е Камавинга

Францускиот гигант Пари Сен Жермен тргна во неверојатно реновирање на тимот ова лето. Откако успеа да ја доведе најголемата светска ѕвезда Лионел Меси, а претходно дојдоа и екстра квалитетни играчи како Рамос, Донарума, Вајналдум, Хакими, раководството на клубот не застанува и најавува уште најмалку едно засилување.

ПСЖ сака да го доведе на „Паркот на принцовите“ и Едуардо Камавинга, најталентираниот млад фудбалер во Франција, кој е член на Рен. Отштетата за него изнесува 50 милиони евра, а „светците“ се подготвени да ја платат и да го купат одличниот млад играч за врска.

За Камавинга интерес покажува и Реал Мадрид, но очигледно дека „кралевите“ се фокусирани на трансферот на Килијан Мбапе, ова или следното лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови