Капитенот на Тотенхем и на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, конечно излезе во јавноста и ги демантираше гласините дека има намера да ги бојкотира тренинзите на клубот. Како што истакна, тој од утре се става на располагање на тимот, како што било и претходно договорено.
„Сакам да расчистам дека никогаш не сум помислил да ги бојкотирам тренинзите на Тотенхем. Не сакам на ниту еден начин да го расипам прекрасниот однос што го имам со фановите на клубот. Тие ми даваат толку голема поддршка низ целата кариера“, истакна Хари Кејн.
Манчестер Сити сака да го купи репрезентативецот на Англија, а и самиот напаѓач има волја да замине, но посакува тоа да се реализира на мирен начин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













