
Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе испрати нова, подобра понуда за австрискиот репрезентативец Марсел Сабицер. Капитенот на Лајпциг има договор до 2022 година и е голема желба на Јирген Клоп. Но, во плановите на Ливерпул се вмеша германскиот првак Баерн Минхен кој сака да го доведе Сабицер на „Алијанц арена“. Новиот тренер Џулијан Нагелсман инсистира тој да пристигне во Баерн.
Клоп не сака да попушти и го бара Сабицер како замена за Џорџинио Вајналдум, кој ја продолжува кариерата во ПСЖ.
Сабицер одигра 54 натпревари за австриската репрезентација, постигна осум гола, а пред да дојде во Лајпциг имаше одлични игри и во редовите на Салцбург.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
