
Аргентинската мегаѕвезда Лионел Меси на шокантен начин се раздели со Барселона откако Ла Лига не дозволи тој да потпише нов договор со каталонскиот гигант поради лошата финансиска состојба на „Камп Ноу“. По првичниот шок, неговите агенти веднаш се впуштија во преговори со Пари Сен Жермен, кој е можеби и единствениот клуб во светот што во овој момент може да си го дозволи Меси.
Претседателот Насер Ал Келаифи веднаш ги активираше сите свои бизнис пријатели и се обидува да пронајде начин да го купи Меси. Не е лесно да се реализира таква зделка, која е можеби и најголемата во историјата на фудбалот. Од друга страна, ПСЖ мора да внимава да остане во согласност со финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Ова значи дека за да дојде Меси, од Париз ќе мора да си заминат неколку фудбалери, вклучувајќи и дел од ѕвездите. Една од опциите се да се случува на крајот на август, кога под претпоставка Килијан Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид, а тоа ќе ослободи голем дел од буџетот на ПСЖ за да го ангажира Меси. Но, желбата на Насер Ал Келаифи е да ја освои Лигата на шампионите, а тоа значи да ги спои во неверојатно трио Меси, Нејмар и Мбапе.
Во преговорите директно е вклучен и Маурисио Покетино, тренерот на Пари Сен Жермен, кој сака да го види сонародникот Лионел Меси во тимот на ПСЖ за следната сезона.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski