Шокантна информација го потресе фудбалот. Лионел Меси нема да ја продолжи кариерата во Барселона. Иако клубот и фудбалерот имаа договор, сепак, поради кризната финансиска ситуација на каталонскиот клуб, Ла Лига не дозволува договорот да биде потпишан. Ова значи дека аргентинската мегаѕвезда ова лето ќе го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Има само два клуба кои во моментот можат да го платат Меси. Тоа се Пари Сен Жермен и Манчестер сити.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи, одамна го посакува Меси на „Паркот на принцовите“, но досега Аргентинецот и беше верен на Барселона. Поради новонастанатата ситуација, сега би можел дури и да го продаде Килијан Мбапе на Реал Мадрид, со оглед дека влегува во последната година од договорот, а со сите пари во Париз да го доведе Лионел Меси. ПСЖ е клуб кој би можел да му понуди фантастична годишна плата од преку 40 милиони евра. Доколку ова се реализира, ПСЖ повторно би го споил тандемот Меси – Нејмар, но овојпат во Париз. А во одбраната е и Серхио Рамос. Ова пред неколку месеци беше незамисливо да се реализира.
Манчестер Сити е пред најголемиот трансфер во Премиер – лигата, треба да потпише Џек Грилиш, но можеби сега тоа нема да биде потписот што го стресе Островот. Пеп Гвардиола има супер односи со Лионел Меси и сигурно ќе се обиде да го доведе на „Итихад“. Тогаш можеби и ќе заборави на Хари Кејн кој треба(ше) да се пресели меѓу „граѓаните“ ова лето. Одеднаш приоритетот на финансиски најмоќните клубови се менува, затоа што Меси е главната цел.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski