Лионел Меси нема да ја продолжи соработката со Барселона, објави клубот на официјалната страница.
И покрај утврдените услови меѓу двете страни и желбата денеска да биде потпишан нов договор, тоа нема да се случи поради финансиски потешкотии и регулативите на Ла Лига. Поради ова, Меси во иднина нема да биде член на Барселона, двете страни жалат што нема можност за продолжување на соработката. Барселона му посакува се најдобро на приватен и професионален план на фудбалерот и му благодари за досегашниот ангажман“, стои во соопштението на клубот.
LATEST NEWS | Leo #Messi will not continue with FC Barcelona
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 5, 2021
Со ова завршува една ера која во голема мера го одбележа светскиот фудбал. Меси целата досегашна кариера ја мина во каталонскиот клуб каде почна во 2000 година, а за сениорскиот тим почна да игра во 2004 година.
За сениорскиот тим Меси одигра преку 750 натпревари на кои даде 672 гола и 288 асистенции. Речиси сите рекорди во Барселона се во негова сопственост. Аргентинецот освои десет титули во Примера, седум во Копа дел Реј и Суперкупот на Шпанија, четири во Лигата на шампионите, три во Суперкупот на УЕФА и исто така уште три на Светското клупско првенство на ФИФА.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal