Британската полиција уапси 11 лица кои ги навредуваа англиските фудбалски репрезентативци Бакајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо по финалето на ЕП 2020 против Италија.
Од илјадниците навредливи пораки објавени на социјалните мрежи, 123 се од профили на луѓе кои не се од Велика Британија.
„Има луѓе кои мислат дека можат да се кријат зад профилот на социјалните медиуми и да објавуваат такви одвратни коментари неказнето. Треба повторно да размислат – имаме истражители кои активно бараат навредливи коментари во врска со овој натпревар, и ако се утврди дека има прекршување на законот, тогаш и други луѓе што ги објавиле ќе бидат уапсени. Нашата истрага напредува со добро темпо и ние сме благодарни на луѓето што не информираа за расистичките објави“, изјави истражителот Марк Робертс.
За потсетување, Сака, Рашфорд и Санчо не реализираа во пенал-серијата во финалето на Европското фудбалско првенство, а трофејот им припадна на Италијанците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













