Connect with us

Џек Грилиш на лекарски прегледи на „Итихад“

Најголемиот трансфер во историјата на Премиер – лигата е пред реализација. Англискиот репрезентативец Џек Грилиш денеска треба да ги мине лекарските прегледи на „Итихад“, а потоа и да потпише петгодишен договор со актуелниот првак Манчестер Сити.

Раководството на „граѓаните“ за трансферот ќе плати 100 милиони фунти, што е најголемиот трансфер досега остварен во Премиер – лигата, надминувајќи го доаѓањето на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед.

Грилиш за Астон Вила настапува од 2012 година и досега одигра 213 натпревари и постигна 32 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови