Челси ќе се обиде да го „украде“ играчот за врска на Реал Мадрид, Мартин Одегард, пред носот на лондонскиот ривал Арсенал. Норвежанецот играше како позајмен играч за „топчиите“ минатата сезона, постигнувајќи ефект од два гола и две асистенции на 20 натпревари. По завршувањето на сезоната, 22-годишниот фудбалер се врати на „Сантијаго Бернабеу“, но прашање е дали ќе остане во Мадрид во новата сезона.
Првично, се мислеше дека Реал Мадрид планира да се потпре на Одегард за новата сезона, но шпанските медиуми сега тврдат дека „кралевите“ се подготвени да го продадат овој играч за добра понуда од 50 милиони евра.
Челси е подготвен да ја искористи ситуацијата и да го земе плејмејкерот во своите редови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













