Connect with us

Интер ја одби и најновата понуда за Лукаку

Италијанскиот првак Интер ја отфрли понудата на Челси вредна 100 милиони евра за голгетерот Ромелу Лукаку. Англискиот клуб во понудата го вклучи и левиот бек Маркос Алонсо, кој е трансферна цел на „нероаѕурите“.

Италијанскиот шампион нема намера да ја продаде својата голема ѕвезда. Лукаку исто така не е заинтересиран да се врати на „Стемфорд Бриџ“, каде одигра само 15 натпревари во периодот помеѓу 2011 и 2014 година, а потоа беше префрлен на позајмица во Вест Бромвич Албион, а потоа и во Евертон.

Интер е подготвен да го продаде Лаутаро Мартинез во случај на примамлива понуда од Атлетико Мадрид или Арсенал, но белгискиот интернационалец дефинитивно не е на продажба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови