Европскиот првак Челси не се откажува од намерата да го врати белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку на „Стемфорд бриџ“. И покрај првично одбиената понуда од Интер, а и ставот на напаѓачот дека не сака да се врати во Лондон, сепак, раководството на Челси испрати нова понуда, која мора да се признае дека е навистина примамлива.
Челси е подготвен да плати 100 милиони евра, но и да го испрати во Милано шпанскиот интернационалец Маркос Алонсо кој е голема желба на тренерот Симоне Инзаги. Тој има вредност од 30 милиони евра.
Сепак, засега нема позитивен одговор од „Џузепе Меаца“ иако понудата нвистина ќе ги натера челниците на Интер добро да подразмислат за неа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













