Шпанскиот првак Атлетико Мадрид се обидува да го засили нападот со квалитетно име. Откако пропадна можноста за враќање на Антоан Гризман, тренерот Диего Симеоне тргнува во офанзива по Лаутаро Матинез, аргентинскиот интернационалец од редовите на Интер.
Раководството на Атлетико Мадрид испрати официјална понуда вредна 50 милиони евра, но таа на „Џузепе Меаца“ е пречекана со потсмев. Интер бара многу поголема отштета за да му дозволи на Лаутаро Мартинез да замине од Милано. Се чини дека „нероаѕурите“ би биле задоволни со 80 милиони евра.
За Лаутаро Мартинез се интересира и англискиот премиерлигаш Арсенал, но исто така не е подготвен да плати толку голема сума за овој трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













