
Капитенот на фудбалската репрезентација на Италија, Џорџо Киелини, и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Јувентус, а потоа најверојатно и ќе стави крај на блескавата кариера. Раководството на „старата дама“ интензивно го бара неговиот наследник, а се чини дека Масимилијано Алегри одреди Никола Миленковиќ да биде можното решение.
Српскиот интернационалец влегува во последната година од договорот со Фиорентина, па Јувентус би можел ова лето да го ангажира за само 15 милиони евра. За Никола Миленковиќ постои интерес и од Премиер – лигата, а најактивни на тој план се Тотенхем и Вест Хем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski