Силекс и Пелистер одиграа 2-2 во Кратово во првиот меч од второто коло во Првата фудбалска лига. По две кола и двата тима останаа непоразени и со по 4 бода на контото. Кратовци сега ги очекува гостување во Азербејџан и дуел со Карабах во квалификациите за Лигата на шампионите.
Лавдрим Фазлиу го доведе Пелистер во водство во шестата минута, откако се снајде добро во противничкиот шеснаесетник, шутираше и го изненади Даниел Божиновски кој беше покриен од еден одбранбен фудбалер. Силекс успеа да израмни со погодокот на Бурхан Мустафов во 43.минута.
На стартот од вториот дел, Иван Ивановски донесе пресврт постигнувајќи втор гол за Силекс во 53.минута. Сепак, поранешниот играч на Силекс, Ѓорѓи Танушев, во 76.минута постигна израмнувачки гол за Пелистер на овој меч. Тој со прекрасно изведен слободен удар ја затресе мрежата на Силекс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













