Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти е трансферна цел на Рома и на Милан, но би можел експресно да замине во Русија.
На изненадување на сите, Андреа Белоти, изминатиот период остана во Торино шест години. Имаше неколку одлични сезони, како и понуди од странство, кои сопственикот на „биковите“, Урбано Каиро, глатко ги одбиваше. Сепак, се чини дека дојде моментот за разделба.
Како што пренесува „Скај Италија“, шампионот на Русија, Зенит, го гледа Белоти како идеална замена за иранскиот интернационалец Сердар Азмун, кој е блиску до преселба во Баер Леверкузен.
Зенит е подготвен да плати 30 милиони евра и на Белоти да му понуди договор од 4 милиони евра по сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













