
Европската Суперлига е правно издржан проект и може да продолжи да се развива. Вака одлучи Судот во Мадрид одбивајќи го барањето на УЕФА за казни за иницијаторите, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.
Во моментот на формирањето, 12 европски клуба се обединија зад идејата за Суперлига, но УЕФА брзо реагираше, сите шест премиерлигаши веднаш се повлекоа, исто како и Интер, Милан и Атлетико Мадрид. Но, Реал, Барса и Јувентус останаа доследни знаејќи дека сепак правните аспекти се на нивна страна.
„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид изразуваат големо задоволство што судот во Мадрид потврди дека УЕФА не може да отпочне никакви постапки против клубовите кои се креатори на Суперлигата ниту може да ги казнува“, стои во соопштението на екипите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
