
Поранешниот италијански репрезентативец Кристијан Виери смета дека српскиот интернационалец Душан Влаховиќ е речиси на исто ниво со Халанд и изрази уверување дека е способен да игра во голем европски клуб. Тој е на прагот да ја напушти Фиорентина ова лето.
„По Халанд, Влаховиќ е најдобриот напаѓач во Европа на негови години. Тој е врвен голгетер, следната сезона ќе постигне најмалку 20 гола без проблем“, изјави Бобо Виери за „Газета дело спорт“.
Српскиот репрезентативец е обврзан со договор со „виолетовите“ до лето 2023 година. Во Фиренца, тие сакаат да го задржат и да вметнат клаузула според која отштетата во случај на трансфер би изнесувала 70 милиони евра. Тотенхем е тимот што сака да го ангажира Влаховиќ ако Хари Кејн потпише за Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
