Шпанскиот гигант Реал Мадрид си постави приоритетна цел да ја купи француската ѕвезда Килијан Мбапе. Ако тоа се случи до крајот на летниот преоден рок, тогаш „кралевите“ ќе треба да платат околу 150 милиони евра отштета на Пари Сен Жермен, а доколку „светците“ решат да не соработуваат и да го задржат Мбапе и во последната година од актуелниот договор, тогаш тој би дошол на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето како слободен агент.
Во секој случај, како што открива „Марка“, Реал Мадрид има резервирано 200 милиони евра за трансферот на Мбапе. Тој би ја добил и најголемата годишна плата во клубот, околу 25 милиони евра.
Доколку трансферот се случи следното лето, тогаш Килијан Мбапе би добил и 40 милиони евра за потпис на договорот, со оглед дека би пристапил како слободен агент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal