
Францускиот интернационалец Карим Бензема ќе го продолжи престојот на „Сантијаго Бернабеу“ и во наредните две сезони. Тој ќе ја прифати понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот до јуни 2023 година, а потоа можеби и ќе ја заврши богатата кариера.
Бензема дојде во Мадрид летото 2009 година и стана вистинска легенда на „кралевите“. Одигра 559 натпревари и постигна 279 гола во сите натпреварувања.
Напаѓачот влезе во последната година од актуелниот договор, а раководството му понуди продолжување на соработката. Тој учествуваше во освојување на четири титули во Лигата на шампионите изминатава деценија, а во трофејната ризница има и три шампионски титули во Ла Лига.
Реал Мадрид претходно го продолжи и договорот со Дани Карвахал до 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
