
Поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, како и италијански селектор, Антонио Конте, доби необична понуда. Тој би можел да навлезе во новинарски води и да биде главниот водител на „Скај“ за емисиите во Лигата на шампионите.
Конте директно би им поставувал прашања на Масимилијано Алегри, Пеп Гвардиола, Роналд Куман, Јирген Клоп, Симоне Инзаги… Тој одлично говори италијански и англиски јазик и, се разбира, би можел максимално да навлезе со прашања во стручниот дел. Засега нема информации за конкретната сума што би ја заработувал Конте, но јасно е дека се работи за одлична понуда.
Антонио Конте е без клуб откако по завршувањето на сезоната во која ја освои шампионската титула со Интер одлучи да си замине од „Џузепе Меаца“ затоа што клубот не можеше да му гарантира задржување на најдобрите фудбалери поради финансиската криза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
