Револуција на Островот. Од контроверзниот агент Мино Раиола може се да се очекува, но се чини дека тој секогаш наоѓа начин да ја шокира јавноста. Тој го понудил францускиот репрезентативец Пол Погба на Ливерпул, најлутиот ривал на Манчестер Јунајтед.
Погба е во фокусот на Пари Сен Жермен, но францускиот гигант мора да го задоволи и финансискиот фер-плеј пред да се одлучи да го купи Погба. Спортскиот директор на „светците“, Леонардо, истакна дека дури и Анхел Ди Марија е на продажба ако за него пристигне конкретна понуда. ПСЖ сака да ги продаде и Паредес, Икарди, Рафиња, Бернат, Ерера, но тешко се наоѓа купец кој би се согласил да ја преземе и нивната голема плата од Париз.
Поради ова, Мино Раиола го понудил Погба и на Ливерпул. На Јирген Клоп очајно му недостига квалитетен играч за врска по заминувањето на Џорџинио Вајналдум, а се најавува дури разделба и со капитенот Џордан Хендерсон. Отштетата за Погба изнесува околу 50 милиони евра, што не е преголем товар во однос на неговата преголема годишна плата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













