Европскиот првак Челси очајно бара квалитетен напаѓач во овој летен преоден рок. Менаџерот Томас Тухел се обиде со Ерлинг Халанд и со Роберт Левандовски и не успеа, па затоа сите сили клубот од „Стемфорд бриџ“ ги насочи кон Ромелу Лукаку. Белгиецот како млад играч беше дел од Челси и не ја доби потребната поддршка и не сака да слушне за повторно враќање во Лондон.
Но, Челси е упорен. На Лукаку му понуди 15 милиони евра годишна плата, двојно повеќе од тоа што го заработува во Интер. Раководството на италијанскиот калчолигаш се двоуми затоа што Челси е подготвен да плати 130 милиони евра отштета. Роман Абрамович го испрати својот син во Милано да се обиде да ги убеди челниците на Интер за реализација на трансферот.
Сепак, Ромелу Лукаку и на оваа понуда кажа „не“. Тој не сака да се врати на „Стемфорд бриџ“ и размислува само за успешна сезона со тимот на Интер во Серија А и во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal