Францускиот репрезентативец Рафаел Варан дојде на „Олд Трафорд“, за него „црвените ѓаволи“ платија околу 50 милиони евра на Реал и нема сомнение дека тој ќе биде одлично засилување, а треба да ги покрие дупките во одбраната што се појавуваа во претходните сезони.
Неговото доаѓање ќе значи и заминување на некои фудбалери од одбраната. Ова првенствено се однесува на Виктор Линделоф, кој несомнено ќе го загуби своето место во првите единаесетмина.
Слична судбина може да го снајде и Ерик Баи, кој ќе биде четврти стопер во Јунајтед со доаѓањето на Французинот. Повредите не му дозволуваат редовно да настапува, а за пет сезони поминати во клубот, тој одигра само 106 натпревари.
Тука се и Фил Џоунс и Туанзебе, но се чини дека Оле Гунар Солскјер брзо ќе се заблагодари на дел од нив и ќе им каже да си побараат нова средина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













