
Поранешниот хрватски репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Давор Шукер, не е веќе претседател на Фудбалскиот сојуз на Хрватска. Тој денеска и официјално е сменет од функцијата, а нов претседател е Маријан Кустиќ, поранешен пратеник на ХДЗ и долгогодишен фудбалски работник.
Маријан Кустиќ веќе подолг период ја извршуваше функцијата прв опетативец во Фудбалскиот сојуз на Хрватска. За технички директор на А-репрезентацијата на Хрватска и на селекцијата У21 е именуван поранешниот хрватски репрезентативец Стипе Плетикоса.
Избран е и нов извршен одбор, кој е договорен уште од претходно. Кустиќ за прв потпретседател го избра Анте Вучемиловиќ – Шимуловиќ, а потпретседатели се и Марио Смодлака, Дамир Мишковиќ, Ненад Чрнко и Славко Пришчан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
