Англискиот премиерлигаш Тотенхем се подготвува за „животот после Хари Кејн“. Голема е веројатно тој да го напушти лондонскиот клуб во летниот преоден рок и се пресели во редовите на актуелниот првак Манчестер Сити.
Напаѓачот го извести раководството дека сака да ја промени средината и да игра во клуб каде ќе може да се бори за престижни трофеи, а Манчестер Сити веќе подготви богата понуда.
На Тотенхем не му преостанува ништо друго освен да почне потрага по негова замена, а прва желба е напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди.
Аргентинецот не е во преден план во тимот на Маурисио Покетино и не би имал ништо против да ја промени средината, а спортскиот директор Паратичи стапил во контакт со неговиот агент. ПСЖ бара 50 милиони евра отштета за Мауро Икарди, сума која Тотенхем без проблем ќе ја плати доколку го продаде Хари Кејн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













