Српскиот интернационалец Немања Матиќ би можел да го напушти Манчестер Јунајтед две години пред истекот на договорот. Според информациите од Островот, играчот за врска добил понуда да се пресели во Серија А, иако засега не се открива името на клубот. Шпекулациите се сепак поврзани со Рома и со Интер.
Матиќ се пресели во Јунајтед од Челси во 2017 година, одигра 154 натпревари и постигна четири погодоци. Неодамна, Лестер беше заинтересиран за Матиќ, но на крајот, немаше ништо од таа приказна. Останува да се види каде 33-годишниот играч од средниот ред ќе ја продолжи кариерата.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













