Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку е главната цел на европскиот првак Челси ова лето. Откако стана јасно дека Ерлинг Халанд е недопирлив, а тешко ќе биде реализирана и идејата за ангажман на Роберт Левандовски, раководството на Челси и менаџерот Томас Тухел се фокусираа на Лукаку.
Интер ја одби првата понуда, но Челси веднаш испрати нова и подготвен е да плати 130 милиони евра за да го врати робусниот голгетер на „Стемфорд бриџ“.
Сериозноста на Челси се гледа и од пристугнувањето на синот на Роман Абрамович во Милано. Тој има за цел да преговара со раководството на Интер, но и да се обиде да го убеди Лукаку повторно да се врати во Лондон. Тој како млад фудбалер беше дел од Челси, но не успеа да се наметне и беше на позајмици во ВБА и во Евертон кој и го откупи неговиот договор. Потоа замина во Манчестер Јунајтед, а оттаму во Интер каде блесна во полн сјај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal